Мајсторите од швајцарската компанија за драги камења „Муавад“ и оваа година креираат градник од драги камења за потребите на „Викторија сикрет“.
Градникот „Фантази бра“  вреден 2 милиони долари ќе го носи бразилската манекенка Лаис Рибеиро на спектакуларната ревија на „Викторија сикрет“ во Шангај , која ќе се одржи на крајот на ноември.

Спектакуларниот градник од компанијата Муавад  ќе биде украсен со 6000 драги каменчиња  позлатени со 18 каратно злато. На градникот ќе доминираат и жолтиот сафир и синиот топаз.

Инаку, градникот  со драги камења е симбол на славниот бренд и е најголема атракција на модниот спектакл во кој учествуваат најубавите жени на светот. 

Датум на објава: вторник, 07 ноември 2017 во 09:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар