На отворањето на настанот ќе се обратат директорите на двете библиотеки, Сенка Наумовска и Мартина Розман Салобир, како и амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец.

Манифестацијата ќе опфати и книжевна средба со афирмирани словенечки автори - Иво Светина, кој е претседател на Друштвото на словенечки писатели, и Јуриј Худолин и Станка Храстељ, како и тркалезна маса на тема „Книжевниот превод како предизвик и неопходен процес“. Модератор на дискусијата ќе биде проф. д-р Александар Прокопиев, кој ќе има осврт и за творештвото на авторите - учесници  од Словенија.

Во НУБ по повод настанот ќе биде отворена изложба на книги од автори од Словенија преведени на македонски јазик и објавени во периодот од 1991 до 2017 година.

Во рамки на манифестацијата, во галеријата „Остен“ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од словенечки сликари од колекцијата Остен - Музеј на цртеж. /МИА


коментари

остави коментар