Мегапопуларната актерка според медиумите веќе го пребродила разводот од сопругот Бред Пит , кој се случи пред една година и во својот љубовен живот примила нова личност.

Инаку, Бред Пит по разделбата од Џоли беше поврзуван со неколку жени, но емотивниот живот на  неговата екс сопруга немаше некои крупни случувања.
Според медиумите срцето на  Анџелина Џоли успеал да го осви угледен британски филантроп, бизнисмен и  богаташ . Засега неговото име не е откриено, но веќе има шпекулации дека актерката е подготвена повторно да застане на „лудиот камен“.

Иако наводно тие се во врска од почетокот на 2017 година, никој досега не успеал да ги види на исто место, а главна причина за криењето наводно бил Бред Пит.

Датум на објава: понеделник, 06 ноември 2017 во 10:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар