Ресторанот се вика "O’Naturel", и се наоѓа во 12 арондисман во Париз . Секој што сака да влезе , мора најпрвин целосно да се соблече и облеката да ја остави во гардероба.

Дури потоа се влегува во ресторанот . Менаџерите на ресторанот тврдат дека интимноста е загарантирана со тоа што во салата за ручање нема прозорци , а објектот не може ниту да го загрози моралот на соседите , бидејќи е целосно изолиран .

Во ресторанот има 40 места , а најниската цена за еден оброк е 30 евра.

Главни гости на отворањето на ресторанот беа членовите на Париското здружение на нудисти .  

Датум на објава: недела, 05 ноември 2017 во 16:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар