По четири години брак , водителката и манекенка се раздели од пејачот без ниеден од нив да ја открие вистинската причина . Деновиве Мишел на медиумите им ја откри тајната што ја криела 15 години . Во време додека биле во брак , Мишел била член на секта , нешто што Рамацоти не го одобрувал . Ми постави ултиматум или јас или сектата .

,, Во сектата ми зборуваа дека мажот ми е лош за мене , а јас сепак го сакав. Кога Ерос ми рече дека морам да изберам , ја одбран сектата “ , признава Мишел . Додека била член , од сектата и забраниле да контактира  и со мајка и , така што со години не се слушала со неа ниту на телефон.

Но , тука не застанувале . Правилата станувале уште построги . ,,Ме присилија да го напуштам манекенството и ме уверија дека морам да ги финансирам . Во еден момент ми ги побараа сите мои пари и ми се заканија дека ќе ме убијат ако ја напуштам сектата “ , раскажа Мишел .


Ерос Рамацоти од бракот со Мишел има 20 – годишна ќерка Аурора .  

Датум на објава: недела, 05 ноември 2017 во 13:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар