Во рамки на манифестацијата ќе се одржи Академска вечер за животот и делото наСв. Кирил и Методиј, за што ќе зборува парохискиот свештеник на Македонската Православна Црква во Хрватска, протојереј Кирко Велински

За патот на глаголицата и глаголското писмо ќе зборуваат етно музичарот Драго Драгузет и Авелина Дамијањевиќ Ковачиќ.

Македонски песни и рецитации ќе изведат МКД ИЖ „Св. Кирил и Методиј“ Пула, со мешовитиот пејачки хор и оркестар и соло изведби.

Предвидено е учество на поетеси и поети од Истарската жупанија, гости од Црковниот хор „Св. Јован Кукузел“ при соборниот храм „Св. Архангел и Михаел“ од Виница, Р. Македонија./МИА

Датум на објава: недела, 05 ноември 2017 во 09:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар