Денеска Цетински преку адвокатот изјавил дека денеска му е најтешкиот ден во животот и оти жали за трагедијата.

Хрватската полиција доцна синоќа излезе со деталите за несреќата според кои Тони Цетински на кривина на малку прегледна тесна улиц аво центарот на Ровињ налетал со возилото Мерцедес на 62 – годишен маж .

Телото на настрадануиот било пренесено на обдукција .

Таткото на Тони , Мирко Цетински изјави дека неговиот син е во шок . Кога дошол со возилото на кривината , поуствувал дека нешто се влече под автомобилот . Човекот лежел на патот , а Тони очигледно не го видел .

,,Не  е можно да возел бргу зашто уличката е тесна и нема прегледност на кривината . За загинатиот знаеме само дека се вика Брацо , кој како што слушнавме собирал и продавал шишиња" , рече таткото на Тони .

Цетински изразил сочуство до семејството на загинатиот и ги откажал сите концерти и настапи .

Датум на објава: сабота, 04 ноември 2017 во 18:43
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар