Актерката која Вајнстин го обвини за сексуално злоставување се појави во неколку HBO серии, а една од нив беше и “Царството на пороците“. Таа за Венити фер изјави дека двата инцидентите се случиле кон крајот на 2010 година.

Првиот напад, според нејзините зборови, се случил во ноември во стан, откако Вајнстин и понудил да ја пренесе со автомобил и ја повикал на пијалак.

„Кога влеговме внатре, веднаш почна да ме бакнува, но некако го оттурнав. Ме фрли на кревет, ги спушти своите панталони и ми го подигна фустанот. Бев многу уплашена. Се се случи многу брзо. Кога заврши рече дека ќе ме повика. Лежев во кревет во шок“ – објаснила актерката.

Таа тврди дека вториот напад се случил месец дена подоцна откако Вајнстин ненајавено се појавил во нејзиниот стан. Според нејзините зборови, тој ја повикал неколку пати, па таа се уплашила.

„Бев уплашена и реков “не“, кога беше над мене, реков дека не го сакам тоа. Продолжи да мрмори и беше одвратно. Тој е како свиња, ме силуваше“ – изјавила актерката и додаде дека после вториот инцидент Вајнстин и понудил улога.

„Отиде и повеќе никогаш не слушнав од него. Знаеше дека направо лоша работа“ – додаде таа.

GettyImages































Николас Дигардио, детектив на њујоршката полиција која води истрага против Вајнстин, потврди дека разговарал со актерката.

„Верувам дека на основа на моите разговори со актерката, имаме доволно докази да го уапсиме“ – објасни детективот, а пренесе „Гардијан“.

Полицијата о Њујорк и Лос Анѓелес ги истражува наводите против Вајнстин, кој е обвинет за сексуално вознемирување и злоставување на повеќе од 90 жени. Вајнстил доби отказ во својата компанија, а исто така е отпуштен и од Академијата за филмски уметности.

Портпаролот на продуцентот изјави дека Вајнстин “недвосмислено ги негира“ сите обвиненија за секс без согласност за кои го обвинуваат.

Датум на објава: сабота, 04 ноември 2017 во 09:21
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:09

коментари

остави коментар