Писателката Ана Грем Хантер тврди дека актерот Дастин Хофман, кој  има 80 години, ја пипкал за интимните делови за време на снимањето на филмот „Смртта на еден продавач“ .
„Тој на мојот прв ден на сетот ме замоли да му ги измасирам нозете, што и го сторив“, пишува Хантер во текст за „Холивуд репортер“.
„Дастин отворено флертуваше и ме фати за задникот, постојано зборуваше за секс со мене. Едно утро отидов во неговата гардероба да го земам својот појадок, ме погледна и се насмевна. Потоа рече: ‘Имам цврсто варено јајце… и меко варен клиторис’. Останав без зборови. Потоа отидов во бањата и плачев “, пишува Хантер .
Таа тврди дека од страна на претпоставениот ѝ било кажано да го поправи своето однесување. Тој ѝ рекол да жртвува некои од своите вредности за доброто на филмот.
„Сега, кога имам 49 години, разбирам што направи Дастин Хофман бидејќи така се чувствуваат жените во Холивуд и насекаде“, пишува таа навраќајќи се наназад. „Тој беше предатор, јас бев дете, а тоа беше сексуално вознемирување“.
Хофман на написот во „Холивуд репортер“ одговори со извинување: „Јас имам најголема почит кон жените и се чувствувам ужасно што некоја моја постапка ставила некого во непријатна ситуација. Жал ми е. Овие постапки не се одраз на тоа кој сум јас“, напиша Хофман во извинувањето.

Датум на објава: среда, 01 ноември 2017 во 20:27
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:15

коментари

остави коментар