Злоупотребата на државните институции за политички прогон на неистомислениците на Никола Груевски беше одлика на 11 годишното криминално владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се обидува да изврши притисок врз институциите коишто постапуваат законски, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги остави надлежните непречено да ја вршат својата работа и да спроведат целосна истрага, за во законска постапка да се покаже дали Сокол Митровски направил кривично дело и каква одговорност треба да понесе.

Едно е јасно, времето на селектвиност, протекционизам и заштита на криминалите заврши. Секој оној за кој ќе се докаже дека направил какво било кривично дело ќе мора да се соочи со одговорност пред законот, без разлика на неговата етничка, верска, национална, партиска или каква било друга припадност, се наведува во реакцијата. 


Датум на објава: среда, 01 ноември 2017 во 16:55
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:24

коментари

остави коментар