Славниот Мајкл Џексон  кој почина пред 8 години, во изминатите 365 дена „заработил“ 75 милиони долари, објави магазинот „Форбс“.

Џексон веќе пета година во низа е на првото место на листата  од 13 имиња на Форбс. Неговата империја иако е тој починат е година в година е се посилна и побогата.

На второто место е голфер Арнолд Палмер  кој почина минатиот септември,а неговата заработка годинава изнесува 40 милиони долари, благодарејќи на тоа што повеќе од 400 продавници и понатаму ја продаваат линијата на облека со неговото име.

Трет на листата на Форбс на почината ѕвезди е Чарлс Шулц кој се прослави со серијалот стрипови „Чарли Браун“, неговиот годишен приход е 38 милиони долари.

Кралот на рокенролот  Елвис Присли со приход од 35 милиони доалри е на четвртата позиција. Најголемите средства пристигнале од новиот забавен парк во Мемфис кој го носи неговото име и  неодамна отворениот хотел.

Виртуозот на гитара Боб Марли е на петата позиција со заработка од 23 милиони долари. 

Датум на објава: среда, 01 ноември 2017 во 10:31
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар