„Нема такви планови, бидејќи владините акции се фокусирани на повторното воведување на владеењето на правото преку адекватна примена на законот“ – изјави шпанскиот министер за „Тасс“.

Запрашан за тоа какви чекори шпанската влада ќе преземе доколку Каталонија прогласи независност, Кеседо одговори дека владините акции во тој случај не би се разликувале од чекорот кој е преземен со цел примената на Членот 155 од шпанскиот Устав.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој на 21 октомври соопшти дека го става на сила Членот 155 од Уставот, со што Мадрид сака да го смени претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон и неговата каталонска влада, а со тоа шпанските власти сакаат нови регионални избори во рок од шест месеци.

Тие мерки, како што е најавено, Сенатот треба да ги одобри утре.

Датум на објава: четврток, 26 октомври 2017 во 16:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар