Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев во ТВ дуелот „Само Вистина!“ обвини за притисоци во градската општа болница, што врз вработените ги спроведувал новоназначениот директор од СДСМ, за да гласаат за нивниот кандидат Бетиан Китев.

Китев ги демантира ваквите наводи и го обвини Јанчев дека на болницата и донирал две возила за прва помош кои не функционирале, иако вели Јанчев возилата биле донирани пред шест односно седум години.

И Китев и Јанчев на кавадарчани им ветуваат крај на маките со пласманот на грозјето а во ТВ дуелот „Само Вистина!“ видете и зошто излевањето на фекалиите ќе биде минато односно какви им се  проекциите за надминување на проблемот со фекалната и атмосферската канализација а кој и да победи од нив кавадарчани ќе добијат нов покриен пазар.


Датум на објава: понеделник, 23 октомври 2017 во 23:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар