Патничко моторно возило „пежо 406“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 33 годишен струмичанец  удрило во 57 годишен пешак од велешкото село Мамутчево, при што истиот починал на лице место, а возачот не застанал туку продолжил кон секторот за внатрешни работи – Велес, каде го пријавил случајот.

Увид извршила екипа од полициската станица – Свети Николе, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Струмичанецот  е приведен во полициска станица, а неговото возило се наоѓа во кругот на секторот за внатрешни работи- Велес.

 

Датум на објава: недела, 15 октомври 2017 во 12:48
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:56

коментари

остави коментар