На свеченото отворање вечер во 20 часот ќе биде изведена претставата „Перикле“ на театарот од Шабац од Србија, по текст на Вилијам Шекспир, а во адаптација режија и сценографија на Никита Миливојевиќ.

Миливојевиќ појасни дека „Перикле“ е меѓу најизведуваните текстови на Шекспир и оти оваа е прва изведба на делото во српската театарска продукција.
На програмата на Фестивалот на античка драма „Стоби“ во Велес ќе бидат изведени осум од кои шест од претставите од Србија, Казахстан, Бугарија и Македонија, ќе се натпреваруваат за една од наградите: „Гран при“ за најдобра претстава, наградата за најдобра режија и за најдобра машка и женска улога.

Организаторотот најави дека фестивалот по три години пауза, поради реконструкција на античкиот театар во Стоби, догодина повторно ќе се врати во археолошкиот локалитет. 

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 16:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар