Како што соопшти МВР, вчера во 21:17 часот во полиција било пријавено дека во продавница на ул. „Бранислав Нушиќ“ три непознати маскирани лица извршиле разбојништво над вработените.

Сторителите со закана со пиштол на вработените и купувачите им наредиле на легнат на земја, по што одзеле околу 50.000 денари од дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот. /МИА

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 15:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар