Боро Менков бил командант на Карадачкиот партизански одред,  формиран на 12 октомври 1941 година.

Со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој пред присутните се обратија  командантот на касарната и историчар од кумановскиот музеј.

- Како и тогаш така и сега задачите и обврските  се големи, а целта е иста. Сите ние сме во функција на народот и државата, а со нашата храброст и патриотизам низ секојдневните активности и ангажирања го докажуваме тоа, изјави Ердоан Хасан, командант на касарна „Боро Менков“ Куманово
Патронот на касарната „Боро Менков бил прогласен за народен херој во 1951 година , со уште 65 –мина учесници во НОБ.

-На 14 октомври 1941 година карадачкиот одред се судри со многубројната бугарска војска и полиција. Во таа борба храбро загина Боро Менков, изјави Марија Живачки, НУ Музеј Куманово.

На прославата присуствуваа претставници од претпоставените команди, од државната управа, јавните установи, правни и физички лица со кои  АРМ соработува.  Културно -уметничката програма беше збогатена со учество на гимназијалци и децата од градинката „Ангел Шајче“ . 

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 15:00
Снежа Петковска
Обновено во: 15:23

коментари

остави коментар