Според податоците 445 000 граѓани можат да си обезбедат само еден оброк на ден. Но, колкав е точниот број?! 

Официјалните податоци од државниот завод за статистика покажуваат намалување на трендот на сиромашни граѓани, сепак невладините се сомневаат во точноста на бројките.

Според статистиките во 2010тата стапката на сиромаштија изнесувала 30,9%, последните податоци од 2015тата покажуваат дека за 5 години стапката паднала на 21,5%.

Додека невладините ги чекаат релевантните бројки,  на 17ти октомври кога светот му објавува војна на гладот, граѓанските организации најавија најмасовна акција за донирање храна „Нахрани 1000.“

На повеќе локации низ градот граѓаните ќе имаат можност да ја покажат хуманоста на дело.

За справување со гладот, потребни се конкретни системски решенија, велат невладините како законот за донирање на  храна.

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 14:42
Катерина Капкоска
Обновено во: 16:19

коментари

остави коментар