,,Македонија е следната која може да ги исполни критериумите и јас ја подржувам Македонија. Проблемот е што името Македонија треба да биде прифатливо и за Грција ,поради ова недоразбирање нема консензус. Мислам дека сите гледаат кон Македонија и  исполнувањето на стандардите. Има уште малку до целосно исполнување – вели Кеј Бејли Хачинсон – амбасадор на САД во НАТО.

Хачинсон потврдува дека НАТО и натаму ќе ја спроведува политиката на отворени врати.

„Пред 10 или 15 години имаше дебата дали НАТО треба да остане организација со 13 или 14 земји но да биде компактна и силна или да се прошири со балканските и балтичките земји, кои треба да ги исполнат критериумите .Сега имаме 29 земји и политиката на отворени врати се уште е тука“, вели Хачинсон.

„Велат дека се блиску до решение, ние го посакуваме тоа да има договор за името  во форма каква што посакуваат. Тоа е пречката сега. Америка ги подржува и мислам дека тоа последно  прашање можат да го решат. Потребни се и слободни избори и силна влада и ќе бидат следна членка“ - додава Хачисон.

Грчкиот премиер Ципрас утре патува за САД каде на почетокот на наредната недела ќе се сретне и со американскиот претседател Трамп.

Ципрас ке побара  да се намали притисокот за решавање на прашањето за името се додека македонските власти не го напуштат иредентизмот“, објавија дел од грчките медиуми – тој ќе побара поддршка и за кипарското прашања. 

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 14:27
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 14:34

коментари

остави коментар