Вангеловски вршел контрола на функционирањето на системот за електронски распоредување на судските предмети. Во соопштението на Врховниот суд не се споменува – дали Вангеловски ја испитувал законитоста на издадениот налог од Гевгелискиот суд што и беше даден на шефицата на СЈО, Катица Јанева за претрес кај екс – претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Односно, не ја демантираат информацијата дека Вангеловски го прегледувал и издадениот налог на Специјалното јавно обвинителство. Од Врховен информираат дека анализата ќе покаже како функционирал компјутерскиот систем за распоредување предмети во Гевгелискиот суд.

„По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС Системот ќе бидат донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста ќе биде информирана“, соопштија од Врховниот суд.

Од највисокиот суд најавуваат дека планираат вакви работни посети на сите судови во земјава. Велат, се работи за вообичаени активности за подобрување на АКМИС Системот.

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 13:18
Игор Стефановски
Обновено во: 15:18

коментари

остави коментар