- Ги повикуваме политичките лидери и партиските членови да овозможат одржување на избори без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности и ресурси пред, за време на, и по изборите. Ги повикуваме медиумите да им обезбедат на граѓаните разновидно и објективно информирање кое им е потребно за да донесат информирана одлука на денот на изборите. Ја подвлекуваме важноста од меѓународни наблудувачи на изборите, особено на ОБСЕ/ОДИХР. Секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини, се посочува во заедничката изјава на Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите-членки на ЕУ во Скопје. /МИА

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 11:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар