Постои сомнеж дека припадниците на една израелска детективска фирма ги надгледувале австриските новинари во Виена.

Уредништвото на виенскиот дневник “Пресе“ поднесе пријава до Службата за заштита на уставноста и борбата против тероризмот (BVT) поради сомнеж дека некој ја следи нивната новинарка, која работела на откривањето на аферата околу водењето на валканата кампања на СПО преку фејсбук профил.

„Постои основано сомнение дека повеќе новинари, и од други медиуми, се надгледувани од страна на израелска фирма“ – соопшти „BVT”.

Не треба да се занемари, како што пренесуваат медиумите, дека станува збор за припадници на приватната фирма за обезбедување „Блек Кјуб“, фирма со седиште во Тел Авив, основата од страна на поранешни припадници на Мосад и која регрутира соработници од редовите на израелската разузнавачка служба.

Сите новинари кои биле следени работеле на разоткривање на аферата околу Зилберштајн. Сега се истражува дали припадниците на израелската фирма се обиделе да ги заплашат новинарите или се работело за акција за да дојдат до нивните извори.

Следењето на новинари е само една од низата афери во текот на валканата предизборна кампања која го одбележи периодот во пресрет на парламентарните избори закажани за недела.

Зилберштајн, кој во текот на летото е уапсен во Израел поради перење на пари и корупција, водеше валкана кампања против Народната партија на Австрија (OVP), посебно против нејзиниот лидер Себастијан Курц.

Последицата од откривањето на аферата беа оставките на високо рангирани личности во SPO.




Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 11:13
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 15:56

коментари

остави коментар