Итната помош и полиција веднаш се повикани во местото Бич, јужно од Квинс, каде се случила несреќата.

Како што пренесува „БиБиСи“, загинале двајцата мажи на триесет годишна возраст, како и едно женско лице на старост од околу 50 години. Тие се пронајдени мртви на лице место, изјави полицијата на Квинсленд.

Полицијата соопшти дека прелиминарната истрага покажала дека до несреќата дошло откако еден од падобранците се судрил со другите двајца, тандемски падобранци, поради што падобраните не им се отвориле правилно.

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 10:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар