- По завршување на интервенцијата, професионалниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува добро, по што видно му се слошило. Веднаш со армиско болничко возило и придружба на воен лекар бил упатен кон најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон реанимација, но по кратко време била констатирана смрт, соопшти Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

Случајот и причините за овој несреќен случај во текот на вечерните часови се испитувале од страна на истражен судија кој извршил увид.

По објавувањето на официјалниот извештај за обдукција од Институтот за судска медицина во Скопје, ќе се утврдат причините поради кои настанала смртта кај професионалниот војник за што од Генералштабот на АРМ најавуваат дека дополнително ќе ја информира јавноста. /МИА

Датум на објава: петок, 13 октомври 2017 во 09:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:53

коментари

остави коментар