Во најголемиот број Шведски банки , и тоа во 900 од 1600 не се депонираат готови пари , а наскоро нема да примаат ниту штедни влогови во банкноти . Скандинавските земји , меѓу кои предничи Шведска одат кон виртуелни валути .

Најдобар показател за намалениот интерес за користење кеш е помалиот број банкомати , како и колилеството пари во оптек . Во 2009 – тата 106 милијарди круни9 биле во оптек , а лани само 60 милијарди .

Најголемиот број финансиски институции докажуваат дека компаниите не заработуваат од користењето готови пари . Затоа банките се залагаат да постои виртуелна валута , поддржана од државата .

Засега предност има биткоинот. Швеѓаните веќе се одвикнати од плаќање во кеш . Велат дека плаќаат било со картички или преку телефон . Не само за сметки и други поголеми набавки , дури и бонбони и хартија се купуваат без пари .

Продавниците и банките не примаат готови пари , така што безготовинското плаќање е единствената опција .

Картичките се користат три пати повеќе отколку во останатите земји од Европа, а популарни се и апликациите на смартфоните за трансфер на пари од една на друга банкарска сметка . 

Една од предностите , велат Швеѓаните е што не носат пари со себе , така што се чуствуваат далеку побезбедни од евентуални крадци .

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 23:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар