15 октомври е почетокот на новата ера, новиот напредок и доаѓањето на светлината во Македонија, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ , Никола Груевски .

-Ние ја даваме нашата можност за да направиме и да создадеме нешто за нашата држава. Нашата љубов е заедничка со нашиот народ и нашата земја. Ние сме партија на граѓаните и ние сме гаранција за силна и стабилна Македонија. Нашата задача се создавање на дела, нудење на решенија, наместо празни зборови. Создаваме и никогаш не се откажуваме, затоа што патот мора да се изоди, идејата мора да се живее. Секој чекор направен остава трага, се додека постоиме ќе работиме за подобра сегашност и иднина, за подобро утре и за напредок, нагласи Груевски.


Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 21:28
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:14

коментари

остави коментар