Официјалните претставници на УНЕСКО изразија жалење поради оваа одлука.

Како што се наведува во соопштението на Стејт департментот, за одлуката на САД известена е и генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова.

„Одлуката не е лесно донесена и ја изразува загриженоста на САД поради состојбата во оваа организација, потребата за реформа и константниот антиизраелски однос на таа организација“ – се наведува во соопштението.

Како што пренесува „АП“, одлуката е донесена поради тензиите околу Палестина, поточно поради резолуцијата која ја донесе УНЕСКО, а која Вашингтон ја гледа како антиизраелска.

Америка од светската организација за заштита на историското и културното наследство ќе се повлече на 31 декември, а својата мисија ќе ја остави во својство на постојан набљудувач.

„Овој потег го гледаме како загуба за мултикултуралноста и целото семејство на Обединетите нации“ наведе Ирина Бокова.

САД кој се основачи на оваа организација, престанаа да го финансираат ова тело уште во 2011 година, после приемот на Палестина во организацијата.

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 15:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар