Најбројни, 21.093 биле од Турција, потоа 5.926 од Полска, 4.316 од Романија, 3.739 од Грција, 3470 од Бугарија и 3.257 од Германија.

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека бројот на туристите во август 2017 година изнесува 188.758, а бројот на ноќевањата изнесува 766 844.

Бројот на туристите во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 20,4 проценти, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,4 отсто.

Бројот на домашните туристи во август 2017 година изнесува 98.289 и во однос на август 2016 година, е зголемен за 3,4 отсто, а бројот на странските туристи изнесува 90.469 и е зголемен за 46,5 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2017 година, во однос на август 2016 година, е зголемен за 1,6 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 41,9 отсто.

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,8 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6 отсто, а кај странските има зголемување за 22,7 отсто.

Во периодот јануари-август 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11,3 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 4,4 отсто, а кај странските има зголемување за 22,6  отсто. /МИА

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 15:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар