Се работи за динамична претстава, со 17 актери на сцена.  Режијата е на американецот Џон Блондел, кој што во 1990 година за прв пат ја режирал оваа драма. Според него тоа е најдобрата комедија на Шекспир, дива, разиграна, моќно раздвижена и комплетно исклучителна драма.

„ Ова е трет Шекспир кој го работам со овој театар, првиот беше третиот дел на „Хенри Шести“, вториот „Антониј и Клеопатра“ и сега сум на „Сон на летната ноќ“,а вкупно петти пат како што работам на „Сон на летната ноќ“. Оваа пиеса кај мене буди една неисцрпна фасцинација. И отвора многу прашања на кои што не дава одговори, кои се однесуваат на љубовта, театарот, промената, на времето. Секој пат кога сме ја работеле сме наоѓале прашања кои точно се однесуваат на актерите со кои работиме. Мислам дека ова е прекрасна средба на пиесата и актерите,“ изјави Џон Блондел, режисер.

Предпремиерната изведба на оваа претстава беше на Охридско лето. Екипа на битолскиот театар вчера се врати од Израел каде учествуваше на Интернационалниот фестивал во Акко со претставата „Шекспир засекогаш“.

„Претставата „Сон на летната ноќ“ е претпоследниот проект кој е одобрен од Министерството за култура на РМ, до крајот на годината ќе имаме уште една премиера, „Коцкар“ на Достоевски во режија на Дејан Пројковски. Во поглед на нашите планови, на 14 ноември славиме роденден на театарот, сега сме во подготовки на прослава од неколку дена.,“ изјави Иван Јерчиќ, директор на Народен театар Битола.

Претходно битолскиот театар гостуваше на фестивал во Цетиње, а до крајот на годината најавуваат уште една премиера.

Датум на објава: четврток, 12 октомври 2017 во 14:15
Анета Шијакова
Обновено во: 14:53

коментари

остави коментар