Командантот на станицата , Ренди Брезник и Марк ван де Хај по втор пат за помалку од една недела излегоа во вселенатаз а да ја поправаат станицата . Минатата недела го заменуваа механизмот на роботската рака , штос е расипал во август , а денеска ја подмачкуваа ново поставената направа.

За да се оспособи овој дел од станицата , следната недела ќе треба да има и трето излегување .

Механизмот , наречен роботска рака е од Канадско производство и служи за ,,фаќање “ на транспортните вселенски бродови .

Оригиналните механизми , кои беа поставени при лансирањето во 2001 – вата веќе покажуваат знаци на дотраеност , така што екипажот на станицата е принуден да ги менува . 

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 19:26
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 08:44

коментари

остави коментар