Неговата сопруга Георгина Чепман , откако ги слушна сведочењата на холивудските ѕвезди , побара развод од пордуцентот , иако со него поминала 10 години во брак и има две деца.

Меѓу ѕвездите , кои биле сексуално злоставувани се и Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу . Тој со години им давал улоги на актерките , откако ги злоставувал . Анџелина Џоли раскажува дека продуцентот ја нападнал на снимањето на филмот "Playing By Heart" кон крајот на деведесетите години .

Од тогаш , веќе не соработувала со него и на сите колешки им укажувала да се држат понастрана од Харви .

Слично искуство во младоста имала и Гвинет Палтроу , која морала да се согласи на состанок во неговата хотелска соба за да ја добие главната улога во филмот ,,Ема “ . Продуцентот ја поканил на интимна масажа во спалната соба.

Палтроу имала само 22 години и злоставувањето му го пријавила на нејзиното тогашно момче , Бред Пит , кој му се заканил на Вајнштајн да се држи подалеку од неговата девојка . 

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 17:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар