Затоа е и добитник на Гран при на собирот, што е од интернационален каракатер. Поклониците на олдтајмерите се едногласни во оценката, да се оддржи автомобил стар повеке децении не е ни најмалку лесна работа.

-      Потребно е доста љубов, внимание и секако време, стариот автомобил да им пркоси на годините, да не речам децениите. Тој е исто како член од семејството. Всушност, олдтајмерот е како виното. Што е постар тоа е и подобар и се рабира поубав, изјавиДраган Марковиќ од Врање , Република Србија.
Помегу 30 те старци на четири тркала најмногу внимание предизвика пик ап, за кој сопственикот тврди дека во еден здив поминал 11 држави во Европа, или околу 9000 километри без ниту еден најмал дефект.
-      Да, ова возило ја помина цела Европа, поточно 11 држави или безмалку 9000 километри и тоа без ниту еден најмал дефект на моторот или бил кој останат дел од возилото. Посебно сум горд на него, изјави Зоран Динчиќ од Ниш, Република Србија.

Организаторот на несекојдневната ревија на стари но добро зачувани автомобили, светиниколскиот клуб на љубители на олдтајмерти во соработка со Славјанскиот универзитет Державин од Свети Николе е презадоволен од одзивот на оние кои ги сакаат овие автомобили. За следниот собир најави поголем број на учесници.

-      30 учесници се на овој прв,а се надевам да прерасне во традиционален собир на олдтајмери од интернационален карактер, тука во Свети Николе. Задоволен сум како организатор на одзивот, не само од наши македонски фанови на ваков тип автомобили, но и од соседните држави, изјави Стефан Горчев – организатор.

За највпешатливите модели, беа доделени и награди. Помегу старите убавеци на четири тркала внимание на посетителите зема овој мини морис со добро зачувана и оддржувана внатрешност. Интерес побуди и овој мерцедес, како и популарниот фризиран Фичо.

Датум на објава: среда, 11 октомври 2017 во 14:33
Дејан Ефремов
Обновено во: 15:23

коментари

остави коментар