По минувањето на водичот на една туристичка група, на стаклениот под се појавиле пукнатите а се слушале и звуци на кршење.

Човек паднал на колена и започнал да вреска. Од другата страна пак во исто време друг посетител сосем мирно го минувал мостот.

Откако видеото со испуканиот стаклен под предизвика реакции на социјалните мрежи, локалната власт за медиумите изјави дека стаклото кое се крши е посебен панел со специјални ефекти.

Такви панели биле поставени на неколку делови на мостот за да го предизвикаат вниманието на туристите. 

Датум на објава: вторник, 10 октомври 2017 во 10:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар