Само по 16 минути од летот Њукасл – Ларнака, на висина од 10 000 метри на пилотот му се слошило и тој се онесвестил . Патниците виделе дека нешто не е во ред и низ авионот се проширила вест дека е нападнат од терористи.

Екипажот се стрчал кон пилкотската кабина , имало истурено кафе на падот и паника штос е пренела на патниците. Копилотот јавил дека нема да може да продолжи со летот до крајната дестинација и побарал вонредно слетување. Во тоа време , во авионот се проширола паниката , а некои го виделе пилотот како лежи на подот од кабината .

Најблизок било аеродромот во Софија, каде принудно слетал авионот .

Но , тука не завршиле маките на туристите. Тие , наместо на плажа , чекале со часови за да бидат одвезени , а потоа и сместени во хотел во близина на Софискиот аеродром . Меѓу патниците имало и такви кои платиле повеќе од 2 000 фунти за одморот од соништата , но сепак морале да се помират дека живи и здрави се приземјиле.

Минатата ноќ ја поминале во хотелот ,за рано утринава компанијата да им обезбеди превоз до Кипар. Од Томсон Џет им се извинија на патниците за непријатноста со која го почнаа годишниот одмор .

Пилотот е задржан на лекување во болницата во Софија .

Датум на објава: понеделник, 09 октомври 2017 во 22:22
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:17

коментари

остави коментар