Бекер има долг од 60 милиони евра. За да може да врати барем мал дел од долгот , тој се пријавил на реално шоу што ќе се снима во џунгла и од кое се надева да заработи 540 000 евра. Неговите помошници преговараат со продуцентите на реалити шоуто за оваа сума , но од друга страна телевизиската куќа точно знае дека од очај Бекер би се согласил и за помалку , наведуваат британските медиуми .

Бекер во минатите неколку години мораше да и исплати милиони на Русинка , која докажа дека е бремена со негово дете. Претходно , и плати 13 милиони евра на поранешната сопруга Барбара.

Милиони трошеше и на луксузен живот , како и на пропаднати инвестиции .

За да се спаси од затвор , тој дури има намера и да ги продаде своите трофеи .

За сребрениот пехар од Вимблдон очекува да добие милион фунти . 

Датум на објава: понеделник, 09 октомври 2017 во 21:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар