Славниот тенисер и екс тренер на Новак Ѓоковиќ, наводно преговарал со британската телевизија „ИТВ“ за учество во реалното шоу „ I'm a celebrity, get me out of here".

„Сите знаат дека финансиската состојба на Бекер е катастрофална и неопходен му е брз начин за извлекување од долговите.  Неговиот ПР тим е на преговори со челниците на едно реално шоу , и тие се надеваат дека ќе добијат најмалку половина милион фунти само за учество во шоуто, изјавил за медиумите извор близок до Бекер.

Новата сезона на шоуто „ I'm a celebrity, get me out of here", во кое 12 познати личности живеат на оддалечена  непристапна локација и се борат за статусот на крал и кралица на џунглата, започнува во ноември.

Датум на објава: недела, 08 октомври 2017 во 21:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар