Тато Арнолд и Џозеф се фотографирани во теретана и изгледа дека двајцата имаат идентична страст кон тренингот и обликувањето на телото.
„Среќен роденден Џозеф! Ти си фантастичен си и одличен партнер за тренинг. Стануваш се посилен и попаметен секој ден, се гордеам со тебе. Те сакам., напиша Арнолд Шварценегр во коментарот под фотографијата.


За потсетување, мајката на Џозеф, Милден работела како домаќинка во куќата на Арнолд Шварценегер околу 20 години. По аферата со актерот останала трудна, а по породувањето долго време се до 2011 година го криела биолошкиот татко на нејзиниот син.


Шварценегер во мај во 2011 година го признал татковството  и започнал да плаќа алиментација и да дава поддршка финансиска за школувањето на синот.
Покрај Џозеф , Арнодл од бракот со Марија Шрајвер има 4 деца, Кетрин, Кристина,Патрик и Кристофер. 

Датум на објава: сабота, 07 октомври 2017 во 11:49
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 16:24

коментари

остави коментар