Според Шпанските медиуми, завршила врската меѓу музичката и фудбалската ѕвезда. Еден од најромантичните парови ставил точка на љубовта, се наведува во медиумите. Тие со месеци не се заедно, а неодана решиле и да се разделат.

Шакира се иселила од заедничкиот стан во Барселона.

Последен пат заедно биле видени на свадбата на Лајонел Меси.

Тие имаат два сина, Милан и Саша на возраст од 4 и 2 години.

Шакира во ноември треба да оди на четиримесечна турнеја, додека Џерар ќе почне со подготовките на неговата репрезентација за настап на Светското првенство во 2018- та.  

Датум на објава: петок, 06 октомври 2017 во 20:04
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:43

коментари

остави коментар