На прашањето „Ако локалните избори се одржат денес, за кандидатот на која партија ќе гласате за градоначалник на вашата општина?“ 29,7 % од Скопјани би го дале својот глас за кандидатите на СДСМ, додека 26,5 % би гласале за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Од партиите од албанскиот блок води Движењето БЕСА со 6,4% пред ДУИ со 6,3%, Алијансата за Албанците со 1,8% и ДПА со 1,1% отсто. Процентот на неопределени испитаници изнесува 14,7%, а дури 12,5% се изјасниле дека нема да гласаат на престојните локални избори.

Слични резултати и за сите општини на територија на Македонија. 25,2% од граѓаните би гласале за кандидат од СДСМ, додека за 20,6% би го дале својот глас за кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Следува ДУИ со 6,1%, Алијансата за Албанците со 5,1%, БЕСА со 4% и ДПА со 2%. Дури 17,7% од граѓаните нема да гласаат на престојните избори, а 16% се изјасниле како неопределени.

Истражувањето е спроведено во вид на анкета лице в лице. Анкетата е спроведена во периодот од 6. до 14. септември пред почетокот на изборната кампања кога се уште не беа соопштени кандидатите за градоначалници. Маргината на грешка за Македонја е +/-2,8% на 1205 испитаници и на Скопје +/-  5,6 % на примерок од 303 испитаници.


Датум на објава: петок, 06 октомври 2017 во 13:38
Тамара Стојкова
Обновено во: 14:53

коментари

остави коментар