Неговата љубовница, Марилу Данли, која се сметаше за главен сведок и која вчера се врати од Филипините за да даде исказ, изјавила дека не знае ништо околу причините за нападот.

„Немам идеја што планирал мојот љубезен, грижлив и тивок партнер. Никогаш не беше насилен и никогаш не делуваше дека ќе посегне по насилство“, и рекла на полицијата Данли, признавајќи дека убиецот и купил авионски билет за да отпатува на Филипините да го види семејството.

Американските власти немаат никаква информација и дали 64-годишниот Стивен Падок, кај кого беше најдено огромно количество оружје, имал соучесници.

Најверојатната теорија е дека тој водел двоен живот зашто кај него не биле утврдени ниту психички аномалии.


Датум на објава: четврток, 05 октомври 2017 во 09:39
Гоце Герасимовски
Обновено во: 22:28

коментари

остави коментар