Тој наводно прво ја силувал во неговиот дом во Гштад, и потоа еден месец подоцна во Рим каде имала мала улога во неговиот филм „Che”.

Лангер е четврта жена што го обвинува Полански за сексуално насилство.

Според поранешната актерка, таа кажува што се случило сега, бидејќи не сакала нејзините родители тогаш да знаат за тоа, а од неодамна тие биле починати.

Според Њујорк тајмс, Лангер пријавила се во  швајцарската полиција, каде што сега ја испитуваат можноста за отпочнување на кривично дело.

Во Швајцарија не постои закон за истекување на рокови ако случајот е силување за малолетници, пишува весникот.

84-годишниот Полански е на листата на лица кои ги бара Интерпол од 1977 година, кога судот во САД го прогласи за виновен за заведување на Саманта Гејмер која во моментот на злосторството имала 13 години.

Режисерот  постигнал договор со истрагата и бил 42 дена во затвор.

Потоа бил ослободен, но судијата последователно го повикал обвинителството да го  побара Полански  за да биде осуден на 50 години затвор.

Режисерот потоа избегал во Европа.

Во септември 2009 година Полански, кој има полско и француско државјанство, беше задржан во швајцарскиот град Цирих по барање на американските власти.

По десет месеци домашен притвор режисерот беше ослободен со кауција од 4,5 милиони долари, а една година подоцна Министерството за правда на Швајцарија одлучи да го одбие барањето на САД за екстрадиција на Полански и конечно  го ослободи.

Во јануари 2015 година, САД испратија барање за екстрадиција на режисерот од Полска, но окружниот суд во Краков исто ја одби.

Во пресудата се наведува дека Полански веќе го издржал терминот што му бил наметнат во договорот со американската правда.

Датум на објава: среда, 04 октомври 2017 во 12:37
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:38

коментари

остави коментар