По денешниот пораз македонската репрезентација  само теорија, пораз на Косово од Естонија во Пришита во последниот натпревар во нашата претквалификациска група,    ја оддржува од  испаѓање од претквалификациите, што со новоформираниот систем на натпреварување ќе значи и исчезнување на македонската репрезентативна кошаркарска од мапата на Европа во следните неколку години.

Лошата игра во последните десет минути беше клучна за вториот пораз во дуелите со Естонија, Во последните 10 минути влеговме со предност од 55-54 , но потоа следуваше пад во играта, естонските кошаркари лесно постигнуваа поени а избраниците на Давитков се мачеа да стигнат до кошот. 
Најефикасни во редовите на Македонија се Теодор со 19, капитенот Војдан Стојановски со 18 и искусниот Чековски со 10 поени.

Со мизерен скор од само една победа и три порази  репрезентацијата на македонија останува на втората позиција во претквалификациската група со надеж дека ќе ја задржи оваа позиција, која обезбедува пласман во  мундијалските квалификации и опстанок во елтитата. Но, сега се зависи од мечот во Приштина меѓу Косово и естонија, победа на домаќините ќе значи и испаѓање на црвено жолтите од елитната европска дивизија.







Датум на објава: среда, 16 август 2017 во 19:26
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 19:36

коментари

остави коментар