Синоптичарите предвидуваат дека се очекуваат врнежи и во текот на ноќта .

Силно невреме со град го зафати селото Горни Бранетиќи , во близина на Горњи Милановац , каде градот изгледаше како да е снег. Градот направи голема штета на овошјето и зеленчукот .

По 16 часот силни врнежи го зафатија и Чачак и Лесковац, каде с епоплавени улиците.

Пороен дожд и невреме ја расипа забавата на Фестивалот на трубата во Гуча .

Во Србија до крајот на денот ќе биде нестабилно со локална појава на град, а можно е и невреме во одредени делови од земјата.

Во Белград кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има пороен дожд и грмежи.

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 19:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар