Десетина дена по големиот пожар во кои изгореа куќи а дел од жителите едвај спасија глава во Могилец  дури сега се чувствува последиците од него . Огнот покрај  шумата  уништил електрични столби па селото во Поречието , втора недела е без струја..Екипи работат на отстранување на дефектот но кога ламбите ќе им ги заменат свеќите , вели 85 годишниот Маринко  Кочовски никој со сигурност не знае..

Некогаш во селото имало 200 сега само 20 луѓе, старци кои решиле да не го напуштаат овој крај.. Од огнената стихија локалните власти само еднаш им обезбедиле вода и малку храна .Водата  ја нема. Од бунарите ја потрошиле  за гасење на огнот..

Во Поречието сега има пожари меѓу селата Растеш и Заград  и оној кај Грешница,заедно со останатите однесоа над 2 илјади и 500 хектари  дабова и борова шума но и  ниско стеблести насади..Голем дел се приватни ловишта со дивеч кој поради огнот ги напуштил ловиштата..Превентивно  и сега поради високите температури  хеликоптери интервенираат да не се обнови  некое жариште..

Слична е состојбата и во Прилепско..Над 200  доброволци и работници се околу манастирот Трескавец.. Опасност за комплексот Успение на Пресвета Богородица нема..Овој пожар е предизвикан од невнимание..

Останатите кои се на непристапен терен надлежните се сомневаат дека се подметнати..

Пожари има и во Кичевско над Добреноец..И таму се работи на нивно  локализирање .

Неофицијално  сите  кажуваат ,  ама јавно никој не говори дека најголем дел од пожарите се дело на мафијата со нелегална продажба на дрва, на оние кои собираат печурки смрчак кои се продаваат за над 150 евра за еден  килограм.

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 14:10
Зоран Момировски
Обновено во: 14:46

коментари

остави коментар