Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен и југозападен правец, а во источните од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места процесите ќе бидат поинтензивни, локално и во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и можна појава на град, особено во североисточните делови.
Кон крајот на денот појава на невреме е можна и во Скопската котлина.

Во недела ќе преовладува променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер, а претпладне и со слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за околу 10 степени и ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 13:34
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:30

коментари

остави коментар