Не е исклучена можноста, според информациите на Канал 5,секако без да постои официјална потврда, во рацете на српската банда да паднал џип и на македонски државјанин. Според нашите информации од Грција, на 2ри август, Македонец кој бил на одмор на првиот крак, пријавил дека од местото Афитос, му бил украден џипот.

Со оглед на тоа, дека според официјалните информации од грчката полиција, на мета на Србите биле возила со странски регистарски таблички, не е исклучена можноста во 4ти украдени џипови, да е и македонскиот, меѓутоа нема информација, бидејќи возилата биле изнесувани од Грција.

Грчката полиција најпрво уапси 33 годишен Србин и 24 годишна Србинка, а подоцна идентификуваше и 31 годишен соработник, исто така српски државјанин кои учествувале во 6 кражби, а од 13 јули до 6 август, во поширокиот регион на областа Касандра на првиот крак од успеале да украдат 4 џипа.

„Од истрагата произлезе дека лицата формирале криминална група, а уапсениот 33 годишен раководел со групата и заедно со другите учесници, секој пат во различен состав, пронаоѓале и со кршење на прозорите, краделе луксузни возила – џипови кои имале странски регистарски таблици. За вршење на кражбите користеле уред  што го блокирал електронскиот систем, а откако ќе ги украделе возилата ги носеле во привременото живеалиште на уапсените во регионот на Халкидики, ги покривале со циради за да не можат да ги пронајдат. Потоа ги менувале податоците  на регистрациите и ги изнесувале од земјата.“ – соопштуваат од грчката полиција.

Истрагата на полицијата продолжува за евентуална вмешаност на Србите и во други слични кривични дела. 

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 15:06
Сања Ристовска
Обновено во: 15:31

коментари

остави коментар