Имено, границата меѓу двата океана е јасно видлива – скоро како на географска карта – што остава силен впечаток дека нивните води не можат да се измешаат.

Видеото е снимено од еден туристички брод и многу брзо се прошири на социјалните мрежи.

Како што објаснуваат експертите, границата меѓу двата океана е само некое време јасно видлива, бидејќи водите на океаните сепак се мешаат, само што тој процес трае “малку“ подолго од тоа што очекуваме.



За нивните води да се измешаат само неколку сантиметри, потребно е неколку дена, бидејќи и за толку големи водени површини важат истите механизми за мешање како и за другите течности: дифузија на две течности и физичка агитација.

Дифузијата, односно ширењето и разлевањето кај течностите се одвива многу бавно, па така кај океаните тој процес најмногу зависи од физичката агитација, т.е физичките влијанија на мешање – бранови, струи, ветрови.

Датум на објава: недела, 06 август 2017 во 10:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар