Дел од предвидените станбени згради се веќе изградени, додека со новите зафати треба да се овозможи пристап за инвеститорите до парцелите предвидени со урбанистичкиот план, што ќе овозможи почеток на изградба на нови објекти. Со минирање на карпестиот дел од теренот започна поставувањето на фекална канализација.

„Овде правиме комплетно нова инфраструктура. Трасираната патека која треба да биде пристап до парцелите кои се продадени, спред деталниот урбанистички план на општината, треба да им овозможи на нашите инвеститори пристап до објектите, како и почеток на изградба на објектите. До крајот на оваа сезона, верувам дека ова ќе го завршиме. Конкретно, овде имавме минирање на делот кој што е карпест, каде што КЈП Нискоградба треба да постави фекална канализација. Но, исто како и во долниот дел и овде, потребно е да се постави атмосферската канализација, водоводна мрежа, електрификација, ќе се асфалтира и ќе заживее и овој дел кој беше и во градот, но и малку на периферија“-вели градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески.

Трите урбанистички планови предвидени за Златен рид опфаќаат површина од 103 хектари, што претставува потенцијал за живеење на 5000 граѓани. Врз основа на овие параметри се проектирани и инфраструктурните потреби на новата населба.

„Сега сме во завршна фаза во АРМ 1. До крајот на овој месец четирите улици во АРМ 1 ќе бидат завршени во должина од 1300 метри. Тоа значи дека, ГП Гранит го покриваше делот на атмосферската канализација, водоводот, улиците, уличното осветлување, а Нискоградба беше задолжена за изградба на фекалната канализација. Во АРМ 2 имаме 1300 метри, тука се 3 улици, сосема нови улици, на сосема нов терен со трасирање на сообраќајниците и комплетна инфраструктура, а Нискоградба е носител на изградбата на фекалната канализација. Моментално се поставуваат приклучоци за вода и канализација и за идните парцели кои не се продадени“, ивели Венцо Шишкин, координатор на проектот.

За досегашните активности во поранешната касарна, општина Битола од сопствениот буџет има издвоено 2 милиони евра, а зафатите се реализираат и со позајмица од 1,5 милиони евра. 

Датум на објава: четврток, 20 јули 2017 во 13:55
Анета Шијакова
Обновено во: 14:27

коментари

остави коментар