Според соопштението од Владата ,проблемот со Југохром, пак, што исто така беше една од главните теми на средбата, ќе се решава, посочи Заев, со писмени гаранции за преземени обврски од засегнатите страни, по заокружување на консултациите со сите. Во овој сегмент, нагласи, се земаат предвид и еколошките и егзистенцијалните потреби на граѓаните. 

На средбата присуствуваа претседателот на Еко Герила Аријанит Џафери и членовите Мерита Максути и Надњим Мехметии, додека Заев беше придружуван од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку.
Заев, како што информира неговиот Кабинет, истакна дека Владата е сериозно посветена на решавање на двата проблема. Проблемот со депониите ќе се решава на ниво на целата држава, а во врска со Југохром, досега е веќе разговарано со претставници на синдикатот на вработените и со менаџментот, по што Владата од денеска почна консултации и со граѓанскиот еколошки сектор.

- Владата со сериозна посветеност ќе пристапува кон сите важни прашања за граѓаните, меѓу кои е нивното здравје, заштитата на животната средина, како и  егзистенцијата на луѓето и развојот на економијата во државата, подвлече премиерот Заев на средбата.

Датум на објава: петок, 30 јуни 2017 во 17:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар