Триесетгодишната Карли Алекс од британскиот град Фавершам останала само после деветгодишна врска и закажана венчавка.

Шон ја оставил три дена пред венчавката, но не само неа туку и нивните две деца. Парот меѓусебно се обвинува за неверство, а подебелиот крај го извлекла Карли.

„Венчавката треба да биде најдобриот ден во животот, а кај мене е обратно. Не знам дали некогаш ќе можам целосно да го пребродам ова“ – изјавила Карли.

Сепак, таа се одлучила да покаже дека и останало нешто од достоинството, па до олтарот прошетала со своите деца.

Интересно е што тоа требало да биде двојна венчавка бидејќи и братот на Карли на ист ден сакал да го каже судбоносното “да“.

Датум на објава: петок, 19 мај 2017 во 19:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар